Андонова: ПСЖ е европски и светски бренд

Наташа Андонова има причина за гордост и задоволство откако најдобрата македонска фудбалерка денеска го комплетираше мегатрансферот во редовите на Пари сен Жермен. Раководството на ПСЖ искажа огромна доверба во Македонката доведувајќи ја од редовите на шведскиот Розенгард, а Андонова е решена да возврати со добри игри и погодоци во дресот на „ветците“.

Приклучувањето на гигант како ПСЖ ми е најголем предизвик во кариерата. ПСЖ е  европски и светски бренд, чест ми е што покажа голема доверба во мене и реши да ме ангажира. Се надевам дека ќе возвратам давајќи се од себе во дресот на францускиот клуб“ – изјави Андонова.

Француските медиуми посочуваат дека 23-годишната македонска фудбалерка има меѓународно реноме, па со тимот на Турбине Потсдам два пати стигнуваше до титулата во Бундес-лигата, а со Розенгарг беше и шампионка на Шведска.

Презадоволни сме што успеавме да ја доведеме Наташа во нашиот женски тим. Таа е талентирана фудбалерка желна за добри игри и големи достигнувања. Убеден сум дека таа ќе се покаже во добро светло“ – изјави спортскиот директор на женскиот тим на ПСЖ, Оливие Летанг.

Се вчитува...