Андонова со Барселона во осминафиналето на ЛШ

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова со тимот на Барселона обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионките. Барса лесно ја мина норвешката екипа Авалдснес, победувајќи ја со вкупен резултат, 6-0. На денешниот меч, Андонова и нејзините колешки од тимот славеа со 2-0 на домашен терен, откако на првиот меч на гости победија и поубедливо, со 0-4.

Андонова ги одигра сите 90 минути на овој натпревар и даде полн придонес во триумфот на каталонскиот тим.

Се вчитува...