Андора нема победа 13 години, а последен пат ја победи – Македонија (ВИДЕО)

Во пријателски фудбалски натпревар денеска (18.30 часот) ќе се сретнат двете најслаби репрезентации во историјата на фудбалот, Сан Марино и Андора. И двете селекции немаат победа во последните речиси 13 години, надевајќи се дека токму денеска ќа им заврши црната серија. А во историјата на Андора многу важно место зазема токму Македонија.

Нашата репрезентација, за наша жал, е последната што загубила од Андора, на 13.октомври 2004 година. За тие што подзаборавиле, стрелец на голот беше Марк Бернаус…

Сан Марино исто така нема од 2004 година. Последен пат, оваа селекција го совладала Лихтенштајн со 1-0, на 28 април 2004 година.

Овие две репрезентации заедно немаат победено на вкупно 160 последни мечеви…Сепак, Македонија е последната со која Андора може да се пофали…

Се вчитува...