Андре Силва ја шокираше Џенова

Милан во последен час успеа да стигне до триумф (0-1) на гостувањето против Џенова, откако португалскиот интернационалец Андре Силва постигна победнички погодок во четвртата минута од судиското продолжение. Претходно, на Џенова и беше поништен гол откако ВАР – технологијата процени дека имало офсајд позиција.

Горан Пандев беше стартер во својот тим на овој меч и играше до 81.минута, кога на негово место во игра влезе Даниел Блеса.

Се вчитува...