Андреас Волф го напушта Кил, во игра Веспрем и ПСЖ

Германскиот репрезентативен голман, Андреас Волф по една сезона го напушта Кил. Според информациите во германските медиуми, Волф ја одбил понудата за продолжување на договорот со германскиот тим за подиолгорочна соработка со подобри финансиски улови. Германскиот репрезентативец потенцира дека не е во прашање финансискиот дел од понудата, туку несогласувањето со управата на Кил.

Преговорите пропаднаа поради несогласувањата со управата, финансискиот дел од понудата не беше воопшто одлучувачка. Мојот менаџер е во контакт со други клубови во кои би бил во преден план со многу поголема минутажа во натпреварите од Лигата на шампионите и во Бундеслигата“ – изјави 26 годишниот Андреас Волф.

За услугите на германскиот „џин“ веднаш се заинтересираа неколку европски гиганти, но според германските медиуми во преден план се ПСЖ и Веспрем. „Светците“ нудат подобри финансиски услови, но кај Волф постои сомнеж поради фактот дека ниту таму нема да биде стандарден крај Омејер, како што е случајот во Кил со Ландин. Токму поради тоа во преден план излегува Веспрем, каде новиот тренер Врањеш не ја крие желбата за да го доведе овој одличен голман во тимот за следната сезона.

Се вчитува...