Андреја Ефремов потпиша за Локомотив Софија

Македонскиот интернационалец Андреја Ефремов потпиша двегодишен договор со бугарскиот второлигаш Локомотив Софија. По португалската авантура и настапот во тамошниот второлигаш Фамаликао, Ефремов беше слободен агент и реши да се пресели во соседна Бугарија. Медиумите во оваа земја го најавија како засилување кое треба да помогне за Локомотив Софија да се врати во елитата. Во моментот овој тим е второпласиран во второлигашката конкуренција, со 22 бода, еден помалку од лидерот Ботев Враца.

Ефремов е поранешен македонски репрезентативец кој се наоѓаше на поширокиот избор во националниот тим, а во Македонија го носеше дресот на Ренова, Работнички и на Металург.

Се вчитува...