Ангеловски: Честитки за фудбалерите... Сигурно е задоволство кога нема да загубиш од четирикратен светски шампион! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Ангеловски: Честитки за фудбалерите… Сигурно е задоволство кога нема да загубиш од четирикратен светски шампион!

Ангеловски: Честитки за фудбалерите… Сигурно е задоволство кога нема да загубиш од четирикратен светски шампион!

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски не го криеше задоволството од ремито на гостински терен против Италија, потенцирајќи ги сите заслуги за квалитетниот дуел и нерешениот резултат за фудбалерите…

„Честитки за фудбалерите кои одиграа одличен натпревар. Кога нема да загубиш против четирикратен светски првак на гости тогаш секако мора да си задоволен. Заслугите одат за сите кои настапија, а сега треба да го видиме вистинскиот карактер на нашата репрезентација и да го победиме Лихтенштајн. Нема поголема сатисфакција од фактот да ремизираш против Италија, еден светски првак на гости, можеби и ни се врати заслуженото по два одлични натпревари против аѕурите“ – истакна на прес-конференцијата по мечот Игор Ангеловски, дополнувајќи дека влегувањето на Трајковски, кој го донесе ремито, дополнително во игра било договорено уште пред мечот.

„Трајковски беше џокер. Тоа беше договорено пред мечот. Тој го направи и пресвртот во играта и против Албанија“ – рече Ангеловски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.