Ангеловски: Чурлинов е со нас затоа што е екстра талент, и понатаму ќе форсирам млади

По победата на гостувањето против Лихтенштајн, македонските репрезентативци утре од 18 часот на „Телеком арената“ во Скопје ги очекува пријателскиот натпревар со Белорусија.

Навидум безначаен контролен дуел, но за националниот тим и тоа како важен за дополнително зголемување на самодовербата во тимот, зацврстување на желбата конечно да почне да се забележуваат победи и дополнителен мотив за натамошниот тек на квалификацискиот циклус.

„Не очекува пријателски натпревар со Белорусија, но за нас според приоритетот е како и квалификациски дуел. Ќе им дадеме шанса сега и на некои други фудбалери кои немаа доволно минутажа претходно. Повикан е и младиот Дарко Чурлинов затоа што е екстра талент и мислам дека и понатаму ќе им давам шанси на млади таленти“ – истакна селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција во пресрет на натпреварот.

Желбата е секако да се дојде до триумф и против Белорусите, и покрај тоа што се далеку подоброрангирани од нас на ФИФА листата.

„Белорусија е речиси 100 места над нас на листата на ФИФА но сигурно дека можеме да им се спротивставиме и да оствариме позитивен резултат. Нашата цел е победа пред домашната публика со која дополнително ќе се добие елан за продолжението од актуелниот квалификациски циклус“ – вели Ангеловски.

Се вчитува...