Ангеловски: Драго ми е за играчите, допрва ќе следат уште подобри партии

ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн

Никола Ѓуровски

Селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволство од првата запишана победа на Македонија во квалификациите за СП 2018. Ангеловски нагласи дека верува во можноста македонската сениорска репрезентација во блиска иднина да се врати на многу подобри позиции во европскиот фудбал.

„Заслужено остваривме победа. Бевме подобри и успеавме да ги освоиме трите бода. Драго ми е за фудбалерите, и со минатите игри заслуживме бодови но еве сега ги прокниживме. Сега допрва ќе следуваат уште подобри игри. Мислам дека Македонија ќе ја вратиме на многу подобри позиции во европскиот фудбал. Среќен сум што имавме пет фудбалери и од младинската селекција до 21 година. Тие покажаа дека се светла иднина. Сакам да се заблагодарам и на навивачите кои дојдоа да не бодрат, на сите од Македонија кои што живеат во околината на Лихтенштајн и дојдоа да ни дадат поддршка“ – рече Ангеловски на прес-конференцијата по средбата.

Селекторот на домашните пак сосема очекува ја честиташе победата на македонскиот состав…

„Нашата цел беше да го дадеме максимумот и покрај тоа што ни недостигаа неколку стандардни првотимци. Морам да кажам дека Македонија заслужено победи“ – истакна кратко Рене Паурич.

Се вчитува...