Ангеловски и Милевски: Ова беше убава ревија на таленти - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31

Ангеловски и Милевски: Ова беше убава ревија на таленти

Ангеловски и Милевски: Ова беше убава ревија на таленти

Селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, го истакна своето задоволство од ревијата на фудбалски таленти која денеска имаше можност да ја проследи заедно со селекторот на младиот национален тим, Благоја Милевски. ‘Младите’ го совладаа А-тимот со 2-1, со двата гола на Петар Петковски.

„Резултатот на овие натпревари не е воопшто важен. Честитки за младите. Ова беше убава ревија на таленти. Се одигра интересен натпревар, а од некои моменти сум задоволен, од некои не. Има уште еден меч и ќе се обидеме да прикажеме подобра игра. Најважно е што ќе се покаже на кои од овие млади играчи ќе можам да сметам во иднина. Ова е таа фудбалска иднина што ја имаме“, изјави селекторот на А-тимот, Игор Ангеловски.

Селекторот на младата национална селекција, Благоја Милевски, истот така се увери во квалитетите на новата своја генерација.

„Ова е добра можност да видиме со каков потенцијал располагаме. Да видиме кој на кое ниво може да одговори за потребите на селекцијата У-21. Имаше многу позитивни работи кај мојата селекција, но и нешто треба да се поправи. Сметам дека имаме доволно време да се подготвиме за почетокот на новите квалификации“, истакна Милевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.