Ангеловски: Најдоброто не се менува, Јаховиќ сам си го избра патот…

Македонскиот селектор Игор Ангеловски потенцираше дека нема потреба да се менува најдоброто од репрезентацијата, поради што списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар со Норвешка е сосема ист од оној претходниот за квалификациските дуели против Италија и Лихтенштајн минатиот месец.

„Комплетно истиот список од претходните настапи. Нешто што е добро нема потреба да го менуваме. А јас кажав дека веќе имаме една добро селектирана група на фудбалери која почна да делува тимски како што посакуваме. Норвешка е селекција која игра малку поинаков фудбал и токму затоа ја одбравме оваа репрезентација за ривал на овој пријателски меч. Селектор е Ларс Лагербек селектор кој направи одличен успех со Исланд, а сега е на клупата на Норвешка. Верувам дека ќе биде еден добар натпревар“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по соопштувањето на репрезентативниот список.

Единствено, од претходниот дуел, ќе недостасува Елиф Елмас од Фенербахче кој ќе биде приклучен на нациналниот тим до 19 години за квалификациите за ЕП.

Македонскиот селектор објасни зошто и на списокот не е напаѓачот на турски Гезтепе, Адис Јаховиќ…

„Тој даде изјава дека не сака веќе да настапува за репрезентацијата. Нема да ја коментирам неговата изјава но ќе му се заблагодарам за се она што досега го сторил во дресот на националниот тим“ – рече кратко Ангеловски, дополнувајќи дека и Стефан Ристовски нема воопшто сериозна повреда од синоќешниот дуел на Спортинг со Јувентус.

„Стефан Ристовски не е повреден туку имал грчеви. Се слушнав со него веднаш по натпреварот имаше импресивен настап против Јувентус. Тој ќе биде комплетно подготвен за дуелот со Норвешка“ – истакна македонскиот селектор.

Македонија пријателскиот натпревар со Норвешка го игра на 11. ноември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...