Ангеловски: Нема алиби, одиме на победа во Вадуз - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
30/03/2017 14:31
Фудбал
30/03/2017 10:28
Интервју
29/03/2017 16:15
АвтоМото
29/03/2017 21:27

Ангеловски: Нема алиби, одиме на победа во Вадуз

Ангеловски: Нема алиби, одиме на победа во Вадуз

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, вели дека „црвено-жолтите“ одат на победа против Лихтенштајн во Вадуз, прифаќајќи ја улогата на фаворити. Не се алиби ниту повредите на Хасани и на Бејтулаи, и има доволен фонд на квалитетни фудбалери кои можат да одговорат на предизвикот во националниот тим.

IMG_1412

„Никогаш и никаде нема да бараме алиби, иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и на Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно квалитетни фудбалери, кои ќе одговорат на задачата и на обврските кои ќе им бидат зададени. Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок,  но се надевам дека ќе биде мотивација повеќе за да ја урнеме таа традиција“, изјави селекторот на Игор Ангеловски, пред почетокот на денешниот прв тренинг во пресрет на дуелот со Лихтенштајн во Вадуз, на 24.март.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.