Ангеловски: Селективниот камп е можност младите да покажат дека имаат квалитет и за најдобриот тим - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/02/2017 0:05
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54

Ангеловски: Селективниот камп е можност младите да покажат дека имаат квалитет и за најдобриот тим

Ангеловски: Селективниот камп е можност младите да покажат дека имаат квалитет и за најдобриот тим

Играчите во А репрезентацијата на Македонија повикани за селективниот камп денеска ги започнаа подготовките за двата контролни натпревари против фудбалерите селектирани во репрезентацијата до 21 година од Благоја Милевски.

Од првичниот список на селекторот Игор Ангеловски на подготовките и натпреварите нема да бидат присутни Ферхан Хасани од Шкендија кој поради повреда не настапи ниту за Шкендија на последниот натпревар од Купот на Македонија. Хасани се јави на денешниот прв собир, но по направените дополнителни медицински тестови одлучено е дека Хасани не може да се стави на располагање на тимот. Давид Бабунски поради клупски обврски во Црвена Звезда исто така нема да биде во комбинација за настап.

„Ова е нова можност младите играчи да покажат дека имаат квалитет да бидат во најдобриот тим и да докажат дека на нив можеме сериозно да сметаме во блиска иднина. Некој од нив веќе имаат настап во А репрезентацијата, но ова е убава можност да се собереме повторно и да градиме доверба во нашиот однос. Рековме дека нашата првична цел е да им дадеме шанса на младите играчи, а ова е еден од тие чекори. Се надевам дека ќе извлечеме многу позитивни работи од кампот и натпреварите кои ни следуваат“ – изјави селекторот на репрезентацијата Игор Ангеловски.

Првиот натпревар е во понеделник (12.12.2016) во 13:00 часот на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче Петров.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.