Ангеловски во посета на Адеми во Загреб: Со нетрпение го чекаме Аријан назад во репрезентацијата

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски денеска во Загреб го посети репрезентативецот Аријан Адеми, кој од октомври треба да се врати на професионалниот фудбал.

Адеми ја доби битката против УЕФА докажувајќи ја пред судот во Лозана својата невиност околу „допинг случајот“ по дуелот на Динамо Загреб од Лигата на шампионите со Арсенал. Па, сега со нетрпение се очекува и неговото враќање во македонската репрезентација.

„Среќен сум што Аријан се враќа на фудбалските терени, а многу повеќе што се чувствува одлично. Дојдов во Загреб повторно да му дадеме поддршка и да покажеме дека сите сме заедно и кога работите се во ред, но и во моментите кога не оди се најдобро. Аријан докажа дека е голем борец, а ние со нетрпение го чекаме назад во репрезентацијата“ – истакна Игор Ангеловски.

Се вчитува...