Англичаните се спасуваа преку Рашфорд, Германија ја „растури“ Норвешка

Репрезентацијата на Германија ја забележа осмата победа на овие квалификации за СП во Русија, селекцијата на Норвешка претрпе оргомен пораз од 6-0. „Панцирите“ очкувано доминираа во текот на целиот меч, трите бода ги осигураа уште во првото полувреме, и така го обезбеди својот пласман во групната фаза од Мундијалот.

Голеадата започна во воведните 10 минути преку Месут Озил. Плејмејкерот можеби е вон форма со Арсенал, но за националниот тим продолжува со голгетерската серија. Седум минути подоцна Озил се најде во улога на асистент, а Дракслер одлично се снајде во шестнаесетникот за зголемување на предноста од 2-0. Младиот напаѓач на Лајпциг, Тимо Вернер со два гола до крајот на полувремето, прво во 21. минута, а потоа и во 40. му донесе голема предност на германскиот состав.

Во вториот дел веќе беше јасно кој ќе замине како победник од средбата, Германците нестрпливо го чекаа крајот на мечот. Јоаким Лев ги искористи рано измените, до 66 минута. во игра влегоа Горецка, Кедира и Гомез. Нововлезените Горецка и Гомез се запишаа на листата на стрелци за конечни 6-0 и тотален дебакл на Норвешка. Играчот за врска на Шалке го искористи нафрлувањето во шестнаесетниот од Вернер да ја затресе мрежата со глава, додека Марио Гомез на сличен начин најдобро се снајде во казнениот простор по нафрлената топка од Кимих.

england-vs-slovakia-040917y

Англија не дозволи изненадување пред полниот „Вембли“  против репрепзентацијата на Словачка. Момците на Герет Саутгејт до победа мораа преку пресврт, откако доживеаа шок ушпте во 3. минута, кога Рашфорд ја изгуби топката непосредно пред шестнаесетникот, а немец и Лоботка одлично искомбинираа преку целата одбрана на Англија, па напаѓаот на Селта Виго го совлада Џо Харт за 1-0.

Англичаните делуваа несигурно во себе во продолжението од првите 45 минути. Израмнувањето стигна во 37. минута преку Ерик Даер, откако Рашфорд изведе прецизен корнер. Јасно беше дека Англија ќе ги брка трите бода со кои релиси ќе го осигураат своето место на Мундијалот. Па во 59. минута Маркус Рашфорд беше човекот на одлуката, од скоро 25 метри го совлада Дубравка за конечните 2-1.

Англија 2-1 Словачка

https://www.youtube.com/watch?v=-mM-NDGR2EAГерманија 6-0 Норвешкаhttps://www.youtube.com/watch?v=U7rP9q1ms9Y

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Ерменија 1-4 Данска

Азербејџан 5-1 Сан Марино

Црна Гора 1-0 Романија

Полска 3-0 Казахстан

Северна Ирска 2-0 Чешка

Словенија 4-0 Литванија

Шкотска  2-0 Малта

Се вчитува...