Антиќ: Дојдов од респект кон играчите, селекторот и директорот

Еден од најдобрите кошаркари во нашата историја, Перо Антиќ денес се појави на првиот собир на кошаркарската репрезентација, во присуство на Тодор Гечевски и Горѓи Чековски. Антиќ изјави дека причина за неговото присуство е респектот кон стручниот штаб, а пред се’ играчите, но не сакаше да потврди дали повторно ќе го облече националниот дрес. Вели дека прво треба да донесе заедничка одлука со неговото семејство.

Моето присуство тука значи респект кон штручниот штаб, кон играчите и кон директорот. Мило ми е што Јоцо Давитков е повторно тренер, што пак донесовме домашен тренер за кого знам дека ќе ја врати атмосферата во националниот тим. Сепак, одлуката околу моето играње за репрезентацијата се уште не е донесена. Имав долга сезона, знаете дека цела година не сум крај своето семејство, ова е периодот што вообичено го минуваме заедно. Одлуката за пензионирање е стара и се уште стои, од почит кон селекторот и кон новиот директор Гечевски добро ќе размислам  доколу сум во можност ќе помогнам. Сепак, потребно ми е време за да дискутирам на оваа тема со своето семејство. Конечната одлука најверојатно ќе ја донесам за неколку дена“ – изјави Антиќ пред денешната прва прозивка на македонската репрезентација.

Се вчитува...