Антиќ го повреди коленото, следи долга пауза

Селекторот Марјан Лазовски се соочува со сериозни проблеми во пресрет на новиот евроквалификациски циклус откако Македонија остана без својата најдобра кошаркарка. За жал, Јелена Антиќ на дуелот од Евролигата меѓу Висла и Фамила Скио заработи тешка повреда на коленото, па одличната кошаркарка не само што ќе ги пропушти средбите на националниот тим, туку и се заканува и долга пауза од терените.

Покрај Антиќ, Лазовски нема да може да смета ниту на услугите на Ана Тантуровска, која се здоби со скршеница на ребрата при настапот за Олимпијакос, па исто така ќе мора да мине извесно време „во аут“ од кошаркарските терени.

Националната селекција има тешка задача пред себе, за ривали во овие квалификации ги има репрезентациите на Италија, Шведска и на Хрватска. Првиот натпревар во овој циклус ќе го одиграме на домашен терен против силната Италија, на 11. ноември со почеток во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...