Антиќ: Ми завидуваат на чесно стекнатото, типично балкански

Перо Антиќ во интервју за „Моцарт Спорт“ говори на различни теми, меѓу нив се навраќа и на своето отсуство од националниот тим во последните неколку години. Тој уште еднаш потсети дека војната со Петар Наумоски почна со изјавата на претседателот дека „на Антиќ му било многу дадено“, децидно демантирајќи дека би сакал да го наследи Наумоски на функцијата прв човек во македонската куќа на кошарката.

Јас не сакам да бидам претседател, а на играчите да не можам да им овозможам нормални услови. Јавно ги напаѓам луѓетo од федерацијата и им сугерирам на тоа што го прават „од страна“, најлесно можат да го исперат преку спортот. Се повлеков во 2013 година бидејќи не сакав да го земам местото на талентираните деца. Не ми е проблем да играм и да земам по 20 шутеви на натпревар, но децата треба да станат играчи, а тоа се прави единствено преку играње. И сега, после се што се случи, претседателот мене ме „плука“ и говори како ми е мене многу дадено“ – истакнува долгогодишниот капитен на националниот тим.

Во интервјуто следи и прашање дали ваквите изјави можат да наидат на осуда кај македонската јавност.

Немам од што да се плашам, создадов име и презиме. Не украдов ништо, ниту пак некому нешто лошо сум му сторил. Постојат луѓе кои ме сакаат и луѓе кои не ме сакаат. Завидуваат кога нешто чесно ќе стекнеш. Типично балкански, југословенска школа“ – вели Антиќ.

Кошаркарот на Фенербахче се потсети и на двете години од својата кариера што ги мина во НБА-лигата, како член на Атланта хоукс.

Видете до каде стигна НБА кога јас бев избран за олстар викендот, како најстар дебитант. Имав и една ситуација со Леброн Џејмс кога тргна да забива преку мене, а јас не дозволувам такви работи. Сине, јас сум постар, не можеш тоа да ми го правиш, да се вратам во Европа, па сите да ми се смеат. Не му дозволив, тој малку се налути… Во една друга ситуација тргнав да го блокирам, но потоа си помислив „пушти го, види во живо како Кралот забива“. Клучната разлика меѓу НБА и Европа е што во САД се е подредено играчот секогаш да биде среќен, а во Европа по секој пораз веднаш станува нервозно. Загубивме 14 меча во низа, а тренерот во соблекувалната ни кажуваше како сме направиле некои позитивни работи. Исто така, одиме на гостување, а вечерта пред мечот стручниот штаб ни сугерира каде да излеземе, каде има добра храна и забава. Замислите овде јас да излезам ноќе од хотелот и да го сретнам Жељко Обрадовиќ. Не оди…“ – истакнува Перо Антиќ.

Се вчитува...