Антиќ не можеше против своите, Олимпијакос го реши Фенербахче - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Антиќ не можеше против своите, Олимпијакос го реши Фенербахче

Антиќ не можеше против своите, Олимпијакос го реши Фенербахче

Олимпијакос сè посигурно се стационира на врвните места на табелата во Евролигата. Поразот од Бамберг во минатото коло избраниците на Јанис Сфаиропулос брзо го заборавија и експресно им се вратија на победите. Фенербахче беше екипата која им се најде на патот, но со само еден расположен кошаркар минатогодишниот вицешампион не можеше да се носи со играта на расположениот домаќин. Во финишот турскиот шампион драстично ја намали негативата која претходно стигна и до ’минус 23’, но кошаркарите на Олимпијакос не дозволија изненадување и славеа со конечни 71-62 (18-9, 22-12, 18-19, 13-22).

Во првите две минути кошаркарите на Фенербахче се мачеа да ја минат својата половина од теренот. Тоа го искористи домаќинот за да го отвори резултатот, но предноста од четири поени не ја задржа за долго. Слукас погоди за три поени, Фенербахче се доближи на минус еден и потоа следеше целосен колапс во играта на турскиот шампион. Од игра во егал, домашниот состав започна да ја таложи предноста која на почетокот на вториот период веќе беше двоцифрена (20-9). Разликата растеше правопропорционално со времето, а Жељко Обрадовиќ не можеше да ги мотивира своите играчи кои пред само шест дена ја ’прегазија’ ЦСКА Москва ’ни за лек’.Нешто подобра игра во финишот донесе намалување на четири поени (65-61), Весели и Диксон се ’разбудија’, но Американецот со турски пасош промаши шут за три со кој Фенер ќе се доближеше на еден поен негатива, на спротивната страна реализира искусниот Спанулис. Со нешто повеќе од 60 секунди до крајот на натпреварот, тоа беше сè што гостите можеа да направат.

Македонскиот интернационалец, кој до пред две години го носеше дресот токму на Олимпијакос, денес во дресот на Фенербахче имаше скромен учинок од пет поени (1/1 за два поени, 1/3 за три поени) на кои придодаде и една асистенција за десет минути кои ги помина на паркетот. Најефикасен во таборот на Фенер беше Јан Весели со 22 поени додека за победичкиот состав тоа беа Лојески со 14 поени и Папапетру со 12 поени.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.