Антонио Касано: Можев да бидам како Меси и Нејмар, но бев многу проблематичен

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано ова лето и дефинитивно ја заврши својата професионална кариера, откако потпиша за Верона, а потоа се повлече и реши да не игра веќе фудбал. Беше неверојатен талент, но како што вели и самиот, и неверојатно проблематично момче. Можеше да биде како Лионел Меси и Нејмар во денешниот фудбал, но не успеа во тоа.

Иако играше за Реал Мадрид, Милан, Интер, Рома, сепак, не го доискажа својот огромен талент на фудбалскиот терен.

„Јас сум проблематично момче и не знам дали воопшто некогаш ќе излезам од тој мој филм. Можев да бидам играч од друга планета, но не сакав да тренирам, сакав да се хранам на свој начин, и поради тоа се уништив самиот себе. Играв во најдобрите клубови на светот, Реал Мадрид, Милан, Интер, и ако имав друга глава на моите рамења, сигурно ќе бев како Лионел Меси, Нејмар и уште неколкумина врвни светски асови на фудбалската игра“, изјави Антонио Касано за „Раи Спорт“.

Се вчитува...