АО: Надал се измачи за четвртфинале, заврши ’авантурата’ на Истомин

Се чинеше како Рафаел Надал да има лесна задача против Гаел Монфилс во последниот осминафинален дуел. Некогашниот светски рекет број еден за час и половина игра имаше предност од 2-0 во сетови (6-3, 6-3) додека грешките на Монфилс растеа. Во третиот сет шпанскиот тенисер немаше доволно енергија и застана на 4-4, а последните два му припаднаа на Французинот за намалување на 1-2 во сетови. Сервисот му тргна од рака на Монфилс, па со брзи  ас поени Французинот па за 20 минути игра имаше предност од 4-2. Следните четири гема ги освои Надал што значеше и крај на мечот со победа на Шпанецот од 3-1 (6-3, 6-3,  4-6, 6-4).

Сензацијата Денис Истомин кој го исфрли Новак Ѓоковиќ од Австралија Опен денес беше запрен од Григор Димитров во осминафинален меч од првиот Гранслем турнир за 2017 година. Истомин го доби првиот сет со убедливи 2-6, но тоа беше сè што можеше да стори. Наредните три сета ги освои Димитров со7-6, 6-2 и 6-1 за конечна победа од 3-1. Димитров во четвртфиналето ќе се сретне со Давид Гофан кој го совлада Доминик Тим со 1-3 во сетови (7-5,  6-7, 2-6, 2-6).

Милош Раониќ се мачеше против Роберто Баутиста во првите два сета (6-7, 6-3), но по егалот од 1-1 ја најде потребната концентрација и експресно ги доби двата наредни сета со 4-6 и 1-6 за победа и пласман во четвртфиналето.

Двојки четвртфинале:Зверев – ФедерерВавринка – ЦонгаРаониќ – НадалГофин – Димитров

Се вчитува...