АО: Вавринка „нокаутиран“ во второто коло

Швајцарскиот тенисер Стен Вавривнка доживеа дебакл во второто коло на Австралија опен откако Тенис Сандгрен изненади со 3-0 во сетови ( 6-2, 6-1, 6-4).

Осмиот носител на АТП играше во непрепознатливо издание, „анонимниот“ Американец беше подобар во сите три сетови, а до победата стигна за помалку од час и половина. Вавринка парираше само на почетокот од средбата, додека неуспешно заврши обидот да притисне за дополнителен четврти сет.

Сандгрен во следното коло го очекува дуел со младиот германски претставник, Максимилијан Мартетер кој во второто коло беше подобар од Фернандо Вердаско со 3-2 во сетови.

Се вчитува...