АО: Венус и остави само гем на Кинеската Дуан, Јанковиќ ја загуби драмата со Кузњецова

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ и Русинката Светлана Кузњецова го одиграа најинтересниот меч од синоќешната програма на женскиот турнир од Австралија Опен.

По вистинска драма на крајот победата ја однесе Русинката која славеше во три сета, со 6-4,5-7,7-9.

Во следната рунда очекувано лесно се пласираше Венус Вилијамс оставајќи и само еден гем на Кинеската Дуан во победата од 6-1,6-0.

Понатаму продолжува и Германката Кербер која со 6-0,6-4 беше подобра од Плишкова од Чешка, а Романката Кирстеа, пак, со 6-2,7-6 беше подобра од Американката Риске.

Се вчитува...