Аплаузи за победничка Македонија – Алжирците знаат да ценат квалитет (видео)

Млади се овие момци, но го издржаа огромниот притисок од трибините при одличната атмосфера што ја создадоа над 8.000 Алжирци кои вечерва ги бодреа своите миленици. „Црвено-жолтите“ покажаа дека покрај несомнениот квалитет поседуваат и фантастичен карактер, па знаеја како да ги стивнат фанатичните фанови одлепувајќи се во последните десет минути, не дозволувајќи да се влезе во неизвесна завршница.

А Алжирците покажаа дека знаат да ценат квалитет, па по средбата со аплаузи ги испратија и македонските репрезентативци, исто како и своите миленици, кои не можеа да ги скријат солзите по вечерашниот пораз.

Се вчитува...