Арда Туран пред вратите на „Сан Сиро“?

Турскиот интернационалец Арда Туран оваа зима речиси сигурно ќе ги напушти редовите на Барселона, а најнова опција за негова следна станица во кариерата е Италија. Тој би можел да дојде во Милан, прво како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа „росонерите“ и комплетно да го откупат неговиот договор.

Раководството на италијанскиот калчолигаш инвестираше големи средства пред почетокот на оваа сезона, доведе неколку засилувања, но поголемиот дел од нив се покажаа како тотални промашувања. Сега новиот тренер Џенаро Гатузо има нови планови и нови желби, а една од нив е и Арда Туран. Тој би требало да дојде на местото на својот сонародник Хакан Чалханоглу, кој разочара со своите игри.

Се вчитува...