Арда Туран во Лондон, на преговори со Арсенал

Турскиот интернационалец Арда Туран најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок. Тој веќе подолг период поради повреда не е во составот на Барселона, а тренерот Ернесто Валверде му најави дека може слободно да си побара друга фудбалска средина.

Турчинот се поврзуваше со можно враќање во редовите на Галатасарај, но викендов беше виден во Лондон, со што се засилија шпекулациите за негов трансфер во англискиот премиерлигаш Арсенал. Арсен Венгер се соочува со заминување на двајцата најдобри фудбалери, Алексис Санчез и Месут Озил, па евентуалното доаѓање на Арда Туран би бил одличен потег за „топчиите“.

Арда Туран заедно со својот агент беше во Лондон, каде води преговори со раководството на Арсенал. Можно е тој да пристигне како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за перманентен трансфер следното лето.

arda vo london

Се вчитува...