Арѓент Беќири го напушти кормилото на Феризај

По само три месеци ангажман, Арѓен Беќири го напушти кормилото на косовскиот прволигаш Феризај.

Како што соопштија од Феризај, двете страни се договориле на разделба по лошите последни резултати на тимот во пролетниот дел од шампионатот.

„Раководството на клубот ја прифати оставката на Беќири поради лошите резултати изминатиот период. Му благодариме за досегашната работа во клубот и му посакуваме успех во идната кариера“ – се вели во соопштението од Феризај.

Арѓент Беќири, како што е познато, на почетокот од годинава токму поради професионалниот ангажман на Косово го напушти стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија. На негово место, како помошник на селекторот Игор Ангеловски, во репрезентацијата дојде Висар Ганиу.

Се вчитува...