Аргентина и без Меси подобра од Италија

Аргентина покажа дека може добро да се снајде и без помошта на Лионел Меси, со победата што „гаучосите“ вечерва во Манчестер ја забележаа против селекцијата на Италија (2-0).

Меси поради ситна повреда не настапи на овој натпревар, но Аргентинците сепак успеаја да стигнат до триумф благодарение на подобра реализација на создадените шанси, и тоа во самиот финиш од мечот. Италија има за што да жали бидејќи при резултат 0-0 убави шанси не искористија Инсиње и Имобиле, по што казната стигна на спротивната страна.

Евер Банега круниса една убава акција на Аргентинците со погодок за водство, пред конечните 2-0 да ги постави Ланзини на додавање на Гонзало Игуаин.

Се вчитува...