Аргентина не знае како без Меси – со пресврт до пораз од Нигерија

Хорхе Сампаоли се уште ја бара добитната комбинација на Аргентина, а кога во тимот го нема Лионел Меси, тогаш проблемите се очигледни. Тоа беше случај и на денешниот пријателски натпревар против Нигерија, на кој „гаучосите“ имаа водство од 2-0, но потоа примија дури четири гола и на крајот беа поразени со 2-4.

Банега со прекрасен гол од слободен удар го најави гол-шоуто на овој меч што се одигра во Русија, на 2-0 зголеми Агуеро, но потоа наместо да го дотолчат противникот „гаучосите“ застанаа. Ихеаначо со еврогол намали на 2-1 пред крајот на полувремето, за Нигерија целосно да доминира во вторите 45 минути и да направи пресврт со погодоците на Алекс Ивоби од Арсенал (два) и на Идову.

Се вчитува...