„Армејците“ му одржаа лекција на Ефес

Кошаркарите на ЦСКА Москва влегоа во вистински елемент во Евролигата и славеа убедливо на гости против Анадолу Ефес со 80-98. Избраниците на Димитрис Итудис имаа одлична шутерска вечер и тоа беше повеќе од доволно за да остварат триумф против тимот на Велимир Перасовиќ.

Со доминантна игра во втората четвртина, ЦСКА Москва замина на одмор со 11 поени предност (43-54), а до крајот и ја зголемија за убедлива победа во Истанбул.

Вил Клајбурн со 20 поени и Нандо Де Коло со 18 поени беа предводници во тимот на „армејците“, додека Џош Адамс со 17 поени беше најефикасен во таборот на Ефес.

Се вчитува...