Арнаутовиќ го зеде скалпот на Челси

Вест хем приреди огромно изненадување на стартот од 16. коло во Премиер-лигата откако „чеканите“ го добија лондонското дерби против Челси со 1-0, земајќи го скалпот на актуелниот првак.

Голот на Арнаутовиќ во раната фаза на мечот им овозможи на домаќините први да дојдат во водство, а за разлика од претходниот дуел со Манчестер сити овојпат избраниците на Дејвид Мојес не му дозволија на противникот да направи целосен пресврт.

За Челси ова е огромен чекор наназад во колото кога можеше да фати приклучок кон водечките Манчестер сити и Манчестер јунајтед (играат меѓу себе), додека Вест хем конечно ја прекина црната серија од осум премиерлигашки средби без триумф, стигнувајќи до цел плен за првпат по 30 септември и победата од 1-0 над Свонси.

Се вчитува...