Арпад Штербик во идеалниот тим на колото во ЛШ… (видео)

Одличната форма, двоцифрениот број на одбрани против Нант и триумфот на Вардар му донесоа на Арпад Штербик место во идеалниот тим на 2. коло од Лигата на шампионите.

Штербик повторно е избран во идеaлниот тим на колото, по триумфот на „вардарци“ од 27-23.

Покрај голманот на „црвено-црните“ во идеалниот тим се и левото крило Валеро Ривера (Барселона), левиот бек Каро Биелецки (Кјелце), средниот бек Мате Лекај (Веспрем), десниот бек Ласло Наѓ (Веспрем), десното крило Матјаж Брумен (Горење) и пивотот Бјарте Мирхол (Скјерн).

Изборото на најдобрите може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...