Арсенал дефинитивно без Кошиелни во финалето на ФА купот на Англија

Капитенот на Арсенал, Лорен Кошиелни, дефинитивно ќе го пропушти финалето на ФА купот на Англија против Челси, кое ќе се одигра в сабота на „Вембли“ поради црвениот картон што го заработи на мечот против Евертон во последното коло од Премиер – лигата. Раководството на „топчиите“ упати жалба на одлуката на Дисциплинската комисија Кошиелни да добие суспензија од три натпревари, но истата е одбиена, па дефанзивецот на Арсенал нема да биде дел од финалниот меч, а ќе мора да паузира и на стартот од идниот шампионат на Англија.

Кошиелни заработи црвен картон поради груб старт над Енер Валенсија во триумфот на Арсенал против Евертон од 3-1. Сепак, овој триумф не беше доволен за тимот на Арсен Венгер да обезбеди пласман во квалификациите за ЛШ следната сезона.

Се вчитува...