Арсенал го распука Евертон, Куман пред отказ

Роналд Куман речиси сигурно во следните 48 часа ќе добие отказ во Евертон откако „карамелите“ попладнево загубија од Арсенал 2-4, со што се продлабочи кризата на тимот од „Гудисон парк“. Ниту евроголот на Вејн Руни за водство од 1-0 не беше доволен за да се избегне пораз, Арсенал беше подобар тим на теренот и заслужено стигна до пресврт и до цел плен.

Монреал во финишот од првото полувреме израмни на 1-1, а во вториот дел на сцена стапи Месут Озил, кој самиот погоди за 1-2, пред да му асистира на Лаказет за третиот гол за лондонскиот клуб. Суперинтересно беше во финишот, на 1-4 зголеми Рамзи во 90. минута, потоа стрелаше Ниасе за 2-5, за конечните 2-5 во 95. минута да ги постави Алексис Санчез.

Ова беше прв меч сезонава на кој Венгер можеше да смета на Озил, Санчез и на Лаказет, па домашниот голман Пикфорд имаше полни раце работа.

Евертон има само една победа во последните осум кола од Премиер-лигата, овој тим и покрај бројните засилувања се наоѓа на 16. место на табелата, па јасно е зошто Куман се наоѓа пред излезната врата од „Гудисон парк“.

Се вчитува...