Арсенал и Јувентус во борба за потписот на Горецка

Леон Горецка, 22-годишниот играч за врска на Шалке, е стандарден првотимец во последниве неколку години и брилјира во секој негов настап. Тоа не остана незабележано од европските гиганти, особено Арсенал, кој редовно го следи напредокот на Германецот.

Наводно, и Венгер и Алегри се интересираат за неговите услуги бидејќи и двете страни имаат потреба од играч од среден ред. Сезонава Кокелан и Џака не одиграа на очекуваното ниво, додека Јувентус бара наследник на Маркизио, кој го изгуби местото во тимот и репрезентацијата поради повреди.

Цената на Горецка за многумина е изненадување. За неговите услуги Арсенал и Јувентус би требало да платат околу 16 милиони фунти, што е малку со оглед дека фудбалерот на Шалке има статус на голем талент со предиспозиции да игра и за германската национална репрезентација.

Се вчитува...