Арсенал ќе ја продолжи соработката со Вилшер

Плејмејкерот на Арсенал кој сезонава настапува за тимот на Бурнмаут како позајмен играч, Џек Вилшер најверојатно ќе остане на „Емирати“ и ќе потпише нов договор. Вилшер на натпреварот со Тотенхем повторно заработи повреда на ногата и нема да игра минимум три месеци, но тоа нема да се одрази на новиот договор, бидејќи Англичанецот сезонава доста придонесе за составот на Еди Хав.

Во плановите на Арсен Венгер има место за Вилшер, затоа следува и продолжување на договорот, па наместо да купува нови играчи од средниот ред, менаџерот на „топчиите“ го враќа Џек во тимот, бидејќи последното пазарување на играч од среден ред се покажа како промашен трансфер. Гранит Џака не ги оправда средствата, има проблем со дисциплината, па знае многу често да заработи црвени картони.

„Жално е што пола време од неговата кариера се мачи со повреди. Вилшер е фантастичен играч, многу добро ја разбира играта. Оваа повреда нема да влијае врз договорот, иако се уште немаме почнато официјални преговори, се надевам дека ќе остане во овој тим и ќе продолжи да придонесува за соиграчите и клубот“ – изјави Венгер.

Се вчитува...