Арсенал со нови сили тргнува по Томас Лемар

Арсенал одново се обидува да го купи Томас Лемар од Монако. По двете одбиени понуди од 30 и 40 милиони фунти, премиерлигашот е подготвен да ја зголеми понудата на 50 милиони фунти со дополнителни бонуси.

Раководството на Монако истакна дека тимот завврши со продажбата за оваа сезона. „Кнезовите“ заработија скоро 150 милиони фунти од заминувањето на Бакајоко, Менди и Силва. Покрај интересот за Лемар, шампионот на Франција ја губи битката за Мбапе. Според шпанските медиуми, за Мбапе стигнала понуда од Реал вредна 180 милиони евра, а истата била прифатена.

Арсен Венгер смета дека токму со Лемар, Арсенал ќе има квалитет и поголеми шанси да се бори на повеќе фронтови. Но, пред се, францускиот стратег стравува да не изгуби и својот најдобар поединец, Алексис Санчез кој притиска кон трансфер и очигледно сака да замине од „Емирати“ по секоја цена.

Планот е Лемар да дојде како засилување, а не како замена за Чилеанецот, но не се прашува само Венгер. Раководстовото повеќе преферира да заработи одлилна сума за Санчез, отколку тој да си замине како слободен играч следната сезона, бидејќи очигледно е дека нема да стави потпис на нов договор.

Се вчитува...