Арсенал со пет гола за петтолигашот Линколн во ФА купот на Англија

Арсенал делумно ги излечи своите рани од елиминацијата во Лигата на шампионите со убедливиот триумф (5-0) против петтолигашот Линколн во ФА Купот на Англија, со што се пласираа во полуфиналето од ова натпреварување. „Топчиите“ го скршија отпорот на аутсајдерот во последните мигови од првиот дел со голот на Тео Волкот.

Во второто полувреме, тимот на Арсен Венгер доминираше и постигна уште четири гола. Жиру зголеми на 2-0, потоа гостинскиот дефанзивец Вотерфол си постигна автогол,а мрежата на Линколн ја погодија и Алексис Санчез и Арон Рамзи.

All Goals & Highlights HD – Arsenal 5-0 Lincoln… by arcturusmedia33

Се вчитува...