Артим Шаќири во „Тимот на светот“ со Дрогба, Хаџи, Шукер, Алекс… на спектакл во Истанбул!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на независна Македонија, Артим Шаќири добива уште едно признание за својата мината фудбалска кариера со повикот да настапи за „Тимот на светот“ на спектаклот на 17. мај во Истанбул по повод 17 години од освојувањето на Галатасарај на Купот на УЕФА, дознава ЕКИПА.

43-годишниот Шаќири, кој има 72 настапи во македонскиот дрес со 15 постигнати голови, доби повик да биде дел од „Тимот на светот“ заедно со голем број светски фудбалски ѕвезди кои настапувале во Турција во годините на почетокот од овој век.

Според најавите, Шаќири ќе биде во екипата заедно со Дидие Дрогба, Швеѓанецот Елмандер, бразилскиот ас Алекс Де Соуза кој настапуваше за Фенербахче, како и актуелниот претседател на ХНС, Давор Шукер кој беше дел од тимот на Арсенал кој во финалето од Купот на УЕФА во 2000 година загуби од Галатасарај по изведувањето на пеналите. Потврда за настап на спектаклот има и од актуелниот тренер на Галатасарај, Игор Тудор, а почесен гостин ќе биде Фатих Терим кој во 2000 година го водеше истанбулскиот тим кој го освои трофејот во Купот на УЕФА.

Во составот на ветераните на Галатасарај, пак, најавено е настап на легендите кои во тоа време настапуваа за тимот, Романците Георге Хаџи и Гоерге Попеску, како и бразилскиот легендарен голман Клаудио Тафарел, кој има одиграно 89 натпревари во дресот на Галатасарај.

sakiri so bekam

Артим Шаќири е добро препознатлив во Турција по неговиот настап за Малатијаспор во сезоната 2001/2002, токму во периодот откако Галатасарај стигна до титулата во Купот на УЕФА. За Шаќири ова ќе биде четврти настап на настан од ваков тип, кој на едно место собир голем број светски фудбалски легенди.

Целокупниот настан е во организација на Центарот за развој и хуманост при Организацијата на обединетите нации.

Се вчитува...