Асенсио е само петтиот играч со хет-трик на ЕП до 21 година

Најкорисниот играч за Шпанија во големата победа над нашиот национален тим, Марко Асенсио се придужи во елитен клуб на фудбалери кои успеале да постигнат хет-трик на натпревар од рамките на Европско првенство до 21 година. Младата ѕвезда на Реал Мадрид стана само петтиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој постигна три гола на еден меч. Во минатото вакво нешто им успеало на Арис Карасавиди од Грција, Маркус Берг од Шведска, Тијаго Алкантара од Шпанија и Јан Климент од Чешка.

Карасавиди е првиот фудбалер што го поставил овој рекорд, во 1988 година во полуфиналето против Холандија, Грците тирумфираа со 5-0 на тој меч, а Карасавиди постигна дури четири погодоци. Климент даде три гола против репрезентацијата на Србија на ЕП пред две години, а во тој меч Чесите триумфираа со 4-0 против нашиот северен сосед.

Берг во 2009 година против репрезентацијата на Белорусија постигна три од петте гола за неговата Шведска, во победата од 5-1 во групната фаза. Тијаго Алкантара три пати ја тресеше мрежата на Италија во финалето во 2013 година, а на тој меч Шпанија победи со резултат од 4-2.

Алкантара и Берг беа инспирација за нивните тимови во походот кон европскиот пехар, а ноќта за паметење на Асенсио најавува дека „Црвената фурија“ може повторно да стигне до трофејот.

21-годишниот фудбалер со првиот погодок против Шпанија забелажа уште една уникатна статистика. Плејмејкерот на Реал Мадрид сега има постигнато гол на деби натпреварите на ЕП У21, во Лигата на шампиони, УЕФА Суперкупот, шпанска Примера и Кралскиот куп на Шпанија.

 

Се вчитува...