Асенсио ја прескокнува Малага поради повреда

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио ќе го пропушти престојниот натпревар против Малага во Примера поради повреда на десната нога.

„Како и секогаш, подобро да одмори три или четири дена отколку да се повреди уште повеќе“ – вели тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.

Асенсио од почетокот на сезоната одигра 20 натпревари за Реал постигнувајќи и седум гола, од кои четири во шпанскиот шампионат.

„Кралскиот“ клуб во моментов е трет на табелата со 24 бода, шест помалку од Валенсија, а десет помалку од водечката Барселона.

Се вчитува...