Асенсио му донесе предност на Реал против Леганес во Купот на Шпанија

Реал Мадрид оствари предност од еден гол (0-1) по првиот четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија против Леганес. На реваншот што ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ сега тимот на Зинедин Зидан ќе има релативно полесна задача.

„Кралевите“ долго се мачеа да постигнат погодок, а тоа им успеа пред самиот крај на натпреварот. Марко Асенсио беше стрелец на прекрасен гол, со кој Реал Мадрид стигна до заслужен триумф и предност над Леганес.

Се вчитува...