Асенсио: Не ме интересира ПСЖ, јас играм во најдобриот клуб на светот

Марко Асенсио со своите фантастични голови го сврте кон себе вниманието на светската фудбалска јавност. За него се интересираат врвни европски клубови, меѓутоа тој вели дека е член на Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот и ништо друго не го интересира. Најновата информација е дека за него е загреан Пари Сен Жермен.

„ПСЖ? Не, благодарам. Веќе игра, во најдобриот клуб на светот и ќе бидам благодарен до крајот на светот што ме одбраа токму мене и ми дадоа ваква шанса“, изјави Асенсио.

  

Се вчитува...