Ашковски повторно стрелец за Фортуна, Махмудов за Дордрехт

Двајца македонски интернационалци се запишаа во листата на стрелците за своите екипи во 28. коло од Втората лига на Холандија.

Стефан Ашковски продолжува со головите во дресот на Фортуна Ситард, запишувајќи се во листата на стрелците во триумфот на својот тим од 1-3 на гостувањето против Ајндховен. Ашковски, откако влезе во игра на почетокот од вториот дел, го постигна третиот гол за Фортуна во 77. минута.

Ова е 11-ти гол сезонава за поранешниот фудбалер на Шкендија и македонски репрезентативец, со кој се проби меѓу ТОП 10 стрелците во втората холандска лига.

Гол постигна и Денис Махмудов, победнички за триумф на Дордрехт од 0-1 на гостувањето против Де Графшап. Махмудов погоди во 62. минута од пенал за триумф на својата екипа. Целиот натпревар за Дордрехт го одигра и Антонио Станков.

По денешната победа Фортуна Ситард ја продолжува битката за првото место на табелата кое следнета сезона носи директно во најсилната холандска лига.

Се вчитува...