Атаман до судијата Ламоника: Луѓето доаѓаат да гледаат кошарка, а не твоето ср.ње!

Турски Галатасарај испушти предност од 11 поени против Панатинаикос во Евролигата и загуби со 79-84. Очигледно тренерот на домашните, Ергин Атаман и тоа како е лут на италијанскиот судија Луиџи Ламоника.

Ламоника често е критикуван од клубовите ширум Европа, но Атаман се одлучи да оди и чекор понатаму. Па, на Твитер постави една снимка од спорна ситуација која не беше досудена во полза на неговиот тим, и напиша:

„Луиџи Ламоника, 12.000 луѓе дојдоа да гледаат кошарка. А, не твоето ср.ње. Доста веќе со тоа“!

И, сега без сомнение, веројатно го чека казна од Евролигата…

Се вчитува...