Атанасовска ќе суди на Светското првенство за жени во Папуа Нова Гвинеја - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Атанасовска ќе суди на Светското првенство за жени во Папуа Нова Гвинеја

Атанасовска ќе суди на Светското првенство за жени во Папуа Нова Гвинеја

Македонија ќе биде дел од ФИФА Светското првенство за жени до 20 години преку присуството на нашата судијка, Билјана Атанасовски. Првенството ќе се одржи во Папуа Нова Гвинеја во периодот од 13. ноември до 3. декември оваа година.

Атанасовска е на листата асистенти судии на Светскиот шампионат. Со своите одлични изведби и оценки како линиски судија успеа да влезе во потесниот избор на ФИФА во конкуренција на судии од целиот свет. На првенството учествуваат 16 земји, а правдата ќе ја делат 14 судиски тројки, од кои 5 се од Европа.

„Кога годобив повикот бев навистина возбудена. Минатата година бев дел од судискиот тим на Европското првенство за жени до 19 години во Израел, каде стигнав до финалето. Меѓутоа, конкуренцијата на светско ниво е навистина голема, и за мене претставува огромна чест што ќе ја имам можноста да ја претставувам Европа, но пред сѐ Македонија на едно вакво натпреварување. Имав навистина успешна сезона по Европското првенство во Израел. Бев дел од тимот на Алгарве купот во Португалија, кој се смета за подготовка за светски натпреварувања, особено кога се судиите во прашање. Се радувам што сите ангажмани во изминатата година ми беа оценети високо, што секако придонесе да бидам земена во предвид за вакво светско натпреварување“вели Атанасовски.

Пред патувањето во Папуа Нова Гвинеја таа има уште еден голем предизвик, натпреварот помеѓу женските репрезентации на Република Ирска и Португалија од квалификациите за Европското првенство во Холандија во 2017 година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.