Атлетико, и со пораз на реваншот, до четвртфинале во Купот на кралот

По триумфот од 0-2 на првиот осминафинален натпревар од шпанскиот Куп против Лас Палмас, Атлетико Мадрид можеше да си дозволи и неочекуван пораз од 2-3 на реванш дуелот пред своите навивачи за да, сепак, на крајот обезбеди место во четвртфиналето од најмасовното шпанско клупско натпреварување.

Мадриѓаните имаа предност од 2-1 до пред самиот финиш на мечот, но Лас Палмас успеа да стигне до 3-2 со головите на Ливаја во 89. минута, и на Гарсија во 93. минута.

Претходно, Атлетико дојде до предност од 1-0 во 49. минута со голот на Гризман, но Ливаја израмни на 1-1 во 57. минута. Ново водство за домашните донесе Кореа во 61. минута, пред во самиот финиш да следи големиот пресврт за триумф на гостите.

Atletico Madrid vs Las Palmas 2 3 All Goals… by giorgio-palamaru

Се вчитува...