Атлетико Мадрид надмоќен против рускиот Локомотив

Атлетико Мадрид на убедлив начин се пласира во следната рунда од Лигата на Европа, совладувајќи го Локомотив Москва и на гости со 1-5. Тимот на Диего Симеоне триумфираше и дома со 3-0, па со вкупен резултат 8-1 го елиминира рускиот тим.

Кореа го отвори резултатот во 16.минута, а Рибус израмни само четири минути подоцна. Но, во второто полувреме, Атлетико Мадрид постигна дури четири погодоци. Двоен стрелец беше Фернандо Торес, а во листата на стрелците се запишаа и Саул и Гризман.

Се вчитува...