Атомска кошарка во Истанбул, Словенија ja совлада Летонија за пласман во полуфинале - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
19/09/2017 18:29
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20

Атомска кошарка во Истанбул, Словенија ja совлада Летонија за пласман во полуфинале

Атомска кошарка во Истанбул, Словенија ja совлада Летонија за пласман во полуфинале

Репрезентацијата на Словенија се пласираше во историското полуфинале на Евробаскетот, откако го совладаа националниот тим на Летонија со резултат од 103-97. Во фантастичниот натпревар одигран во „Синан Ердем“ арената во Истанбул, словенскиот состав предводен од Горан Драгиќ и неверојатниот Лука Дончиќ се уште не знаат за пораз на ова првенство, а сега закажаа полуфинален дуел со актуелниот европски првак Шпанија.

Расположението кај двете репрезентации беше и повеќе од присутно на стартот од средбата. По кратката иницијатива на Летонија во воведните минути, Словенците со неколку успешни шутеви од линијата за три поени направија серија од 20-2(30-15) и предност од +15 поени по само 8. минути игра, а Багцакис беше приморан да повика тајм-аут, за да ги смири своите кошаркари. Летонците шокирани од налетот на нивниот противник предводени од Горан Драгиќ со 13 поени уште во првиот период, мораа да бркаат двоцифрена негатива по само 10 минути(34-23).

Ѕвездата на летонскиот состав, Кристапс Порзингис ја превзеде улогата на носител во вториот период, големата разлика на Словенија беше намалена на само 4 поени по пет минути игра, до крајот на втората четвртина Летонија успеа комплетно да го сврти резултатот во своја корист на 55-51, а периодот го освоија со постигнати 32 поени во однос на 17. на Словенија.

image (1)

Со нови сили екипата на Игор Кокошков повторно направи неверојатна серија од 17-2 на стартот од третата четвртина. Драгиќ продолжи со фантастичниот настап, забележа 7 поени во третиот период, па Словенија одново го превзеде водството. Летонија успеа да постигне само 11 поени за 10 минути, додека Словенија во последната четвртина влезе со предност од 10 поени(76-66).

Јасно беше дека ќе има неизвесна завршница, а благодарение на Летонците кои по само четири минути на теренот со нова серија стигнаа до еден кош негатива, публиката „гризеше нокти“  во „Синан Ердем“ арената во Истанбул. Но, супер-талентираниот Лука Дончиќ одлучи да приреди свое шутерско шоу и во три напади постигна 8 поени, што за Словенија вредеа злато, знаејќи дека тие поени се покажаа како круцијални во триумфот за пласман во четирите најдобри на Евробаскетот. Порзингис сам се обиде да ја порази словенската репрезентација, но и неговите квалитети не беа доволни за да се извлече нешто повеќе од оваа средба, иако Летонија ја освои четвртината со скор од 31-27.

image (2)

Драгиќ уште еднаш покажа дека е лидер на словенската екипа, забележа 26 поени и 8 асистенции, додека Лука Дончиќ имаше 27 поени, но му недостасуваше еден скок за дабл-дабл учинок. За Летонците Порзингис постигна 34 поени и 6 скока, додека Дејвис Бертанс застана на 23 поени, од кои 18 беа од линијата за три поени.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.