Атрактивен фудбал: Македонски телеком подобар од Адмирал

Екипите на Адмирал и Македонски Телеком го одиграа натпреварот на колото во Бизнис лигата. Во првото полувреме и двете екипи беа главно концентрирани на одбраната, не дозволувајќи отворени шутови за гол. Во текот на целото полувреме имаше притисок во прва линија и на двете страни па тешко се доаѓаше до добро изработен напад за што кажува резултатот на полувремето од 0-0. Во второто полувреме и двете екипи тргнаа мошне офанзивно и во отворен фудбал, се играше чисто и гол за гол и ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Ваквата игра беше траеше се до 37. минута кога екипата на Македонски Телеком беше по присебна и направи целосен пресврт благодарение на Лазаревски и Наскоски преку кои дојде до победа од 4-6.

Адмирал – Македонски Телеком 4-6 (0-0)

Адмирал: Александар Лазаревски 24’, 36’, Горан Грковиќ 25’, Стефан Серафимовски 34’

Македонски Телеком: Ивица Вељановски 30’, Михајло Лазаревски 30’, 34’, 40’, Стефан Наскоски 37’, 38

IMG_0401

ЈСП со голман играч до победа над Гранит

Екипата на ЈСП преку Србиновски за нецела минута успеа да дојде до водство од 1-0 во дуелот со екипата на Гранит. Ваквиот влез во натпреварот и дозволи на екипата на ЈСП да се разигра и направи предност која Гранит во текот на целото полувреме се трудеше да ја анулира но не успеа, па на полувремето ЈСП отиде со минимална предност од 3-2.

Во второто полувреме екипата на Гранит играше одлична одбрана преку која успеа да го запре налетот на ЈСП што им влеа самодоверба. Во продолжението Гранит преку контра напад успеа да го израмни резултатот со што на само 5 минути од крајот на натпреварот се влезе во егал завршница. Eкипата на ЈСП беше приморана во своите редови да внесе голман играч како одговор на цврстата одбрана на Гранит што вроди со плод па со два гола во низа успеа резултатски да се одлепи и да го добие овој натпревар со 5-3.

ЈСП – Гранит  5-3 (3-2)

ЈСП: Марјан Србиновски 1’, 18’, 37’, Велко Серафимовски 4’, 37’

Гранит: Дарко Стојановски 3’, Сашо Каровски 20’, 24’

IMG_0413

Мартин Ангеловски со звукот на сирената му донесе победа на Оне.Вип во дуелот со Факом

Крајно израмнет натпревар одиграа екипите на Оне.Вип и Факом. Во текот на целото прво полувреме водеа израмнета борба играјќи доста динамичен фудбал во кој преовладуваше борбеноста. Во првото полувреме и на двете страни падна по еден гол благодарение на Ицковски кај Оне.Вип во 11. минута и Мисердовски кај Факом во 10 минута па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и беше крајно неизвесно и израмнето се до буквално последната секунда кога екипата на Оне.Вип преку Ангелковски успеа да дојде до водство и победа од 3-2. На ова претходеше и одлична одбрана на Удовалиев од Оне.Вип кој спаси 100% шанса за гол.

Оне.Вип – Факом 3-2(1-1)Оне.Вип: Филип Ицковски 11’, Мартин Ангеловски 34’, 40’Факом: Боро Мисердовски 10’, Бобан Китановски 26’

Се вчитува...